| четврток, 6 декември 2018 |

Италија презема вонредни мерки во очекување на нови 20.000 мигранти

мигранти

Италија презема вонредни мерки во очекување на уште 20.000 мигранти, изјави извор од италијанското Министерство за внатрешни работи.

Според екстерите, бранот мигранти кои по морски пат се упатуваат кон Италија ќе продолжи до крајот на септември.

– Очекувавме дека приливот на мигранти ќе се намали до крајот на летото. Сепак се покажа дека криумчарите го интензивираат пренесувањето мигранти. Тоа го покажуваат сведочења на мигранти пред судските власти. Според податоци од последните истражувања на властите во Сицилија, криумчарите на луѓе во Либија многу брзо се организираат во снабдувањето со нови пловни објекти. Другиот начин е претовар и превоз во нечовечки услови – наведуваат изворите.

Од италијанското Министерство за внатрешни работи ја следат ситуацијата со посебно внимание при миграциите од Северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top