Терористичката организација ИД има разработен систем на проверување на лицата кои сакаат да и се приклучат, а членството подразбира и давање на завет на верност кон нејзиниот лидер. Тоа е само дел од малку познатите детали за кои на судењето на Хусеин Билал Босниќ пред босанскиот суд го обелодени босанскиот државјанин кој што и самиот бил воин на ИСИС во Сирија.
Босниќ е соочен со обвинување дека како лидер на заедницата на радикалните исламисти- салафи во БиХ заведувал и подготвувал младинци за да се приклучат кон ИСИС, а медиумите пренесуваат дека заштитен сведок означен како Б1 во судницата во Сараево зад завеса и со изменет глас потврдил дека освен Босниќ тоа го правел и Нусрет Имамовиќ, некогашниот лидер на заедницата на радикалните исламисти во Горни Маочи кај Брчко.
Сведокот рекол како Босниќ и Имамовиќ кој и самиот заминал во борбите во Сирија на страната на Фронтот на ал Нусра, блиска до ИСИС, во БиХ била овластени да издаваат некој вид на документи односно препораки под име „тескија“.
-Пред поаѓање од БиХ требаше да ја имаме препораката која моравме а ја покажеме, а која се однесува на тоа дали сме искрени борци и дека не сме шпиуни. Таа препорака ја даваа Босниќ и Имамовиќ- посочил сведокот, кој што препораката ја добил преку посредник од Имамовиќ, а по стигнувањето во Сирија морал да се заколне на верност на водачот на ИС Абу Бакр ал- Багдади.
„Б1“ војувал во Сирија во 2013 и 2014 година во единицата наречена „Јавачи“. Во неа, како што посведочил, имало дваесетина државјани на БиХ, а најмалу уште триесетмина биле во единиците наречени „Мухаџири“ и „Енсарие“. Поранешниот член на ИСИС посведочил дека дваесетмина Босанци загинале во Сирија додека тој бил таму.
-Сите се боревме на страната на Исламска држава- додал тој кој објасникл дека главни непријатели им биле Курдите и силите на сирискиот режим.
Како што посочил, на неговата одлука да да се приклучи на ИСИС претходеле предавањата во Сараево кои ги држел Босниќ.
Но, враќањето во БиХ, како што сам рекол, следело по сознанието дека таму се случува нешто друго од тоа што го очекувал. „ Се случува крвопролевање меѓу муслиманите. Секој се бори против секого“, опишува сведокот.
Хусеин Босниќ (40) е уапсен во септември 2014 година, заедно со уште дваесетмина следбеници заради сомневање дека е поврзан со тероризам. Судењето по обвиненијата за организирање на поддршка на ИСИС почна во февруари годинава.
Босанското обвинителство во докажување на неговата вина понуди искази на 15 сведоци и двајца експерти а еден од клучните аргументи е фактот дека Босниќ од арапските земји добил над 90 илјади евра за кои се претпоставува дека се коритени за финансирање на заминувањата на босанските државјани во војните во Сирија и во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
ИСИС се закани со масовни напади на СП во Русија (видео)
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија