Секторот за внатрешни работи – Струмица, до Основното јавно обвинителство поднесе четири кривични пријави против осум лица поради постоење основано сомнение дека И.Г.(27), С.Г.(23), С.С.(24) и Г.К.(19) од Струмица и Л.А.(25) од Скопје сториле кривични дела „прикривање стока што е предмет на шверцување и на царинска измама“ и „повреда на авторско право и сродни права“, а Т.Б.(18), Ј.Д.(21) и И.Ј.(27), сите од Струмица поради сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.
Како што соопшти МВР, во текот на 2014 година и почетокот на 2015 година пријавените преку изработени страни на социјалната мрежа „Фејсбук“ вршеле продажба на спортска опрема, патики и тренерки од марките „адидас“, „најк“, „валентино“, „армани џинс“, „илевен“, „ла коста“ и „пума“, која била неоригинална. Освен на спортската опрема вршеле и продажба на неоригинални парфеми од марките „пако рабан“, „каролина херера“, „армани“, „долче и габана“ и „булгари“ на тој начин што заинтересираните лица за купување измамени дека опремата и парфемите се оригинални, преку пораки на страниците на „Фејсбук“, ги оставале нивните лични податоци и големинскиот број патики или тренерки, како и податоци за парфемот што сакаат да го купат. Потоа пријавените преку курири за достава на поштенски пратки ги доставувале бараните производи до домовите на купувачите на подрачјето на државата.
Од страна на полициските службеници од СВР Струмица по претходно добиени наредби од Судија на претходна постапка бил извршен претрес во домовите и помошни простории на пријавените лица при што биле пронајдени и со Потврда за привремено одземени предмети, одземени се поголема количина спортска опрема и парфеми, компјутери, мобилни телефони, пари, картонска амбалажа од обувки како и документација од испраќани пратки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.