Во пензионерскиот дом во Автокоманда во тек се градежни активности за реконструкција за подобрување на условите за живеење на пензионерите. Увид во работите денеска изврши министерот за труд и за социјална политика Диме Спасов. Најави дека покрај во овој, се планирани и дел се почнати реконструкции и на други пензионерски домови во Македонија.
– Во соработка со Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија планирани се и почнати активности за подобрување на условите за живеење во повеќе пензионерски домови во Скопје. Почнати се и завршени се дел од активностите за реконструкција и реновирање на сите 44 станбени единици во пензионерскит дом во Автокоманда. Се продолжува и со реновирање на пезионерските домови во Аеродром, Чаир и Куманово – рече министерот Спасов.
Најави дека за наредната година треба да продолжи втора фаза вакви активности за значително подобрување на условите за живот на пезнионерите кои живеат во овие пензионерски домови, а се со пониски пензии.
Претседателот на сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски истакна дека во овој дом на пензионери во Автокоманда не е било вложено за подобрување на условите во последните 30 години.
Додаде дека соработката со МТСП и Фондот на ПИМ е мошне добра и дека заедно бараат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат пензионерите.
Директор на Фондот на ПИОМ истакна дека досега во реконструкцијата на домот во Автокоманда биле вложени три милиони денари. Инвестирани биле во поставување ламинат во сите 44 станбени единици, сменети биле старите со нови простории во заедничките изведени се молерски работи. Сè уште се во тек, информира тој, градежните работи, а ќе се санираат сите простории каде што има влага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст