| четврток, 6 декември 2018 |

Раководството на СДСМ хоспитализирано во беровската болница

Седум членови од најтесното раководство на СДСМ, меѓу кои и претседателот Зоран Заев пред 3 дена биле хоспитализирани во градската болница во Берово откако се пожалиле на мачнина со повраќање и течна столица.

Овие симптоми на стомачен вирус кај нив се појавиле недолго и речиси истовремено откако на последниот партиски состанок во Берово член на раководството го поставил прашањето: „Што ако на изборите во април победиме со 62 пратеници?“.

„Откако на состанокот била отворена опцијата СДСМ да има апсолутно мнозинство во идниот парламентарен состав, значи едно седум минути подоцна прво претседателот на СДСМ замолил да биде извинет и потрчал кон тоалетот, каде што набргу му се приклучиле уште четиринаесет други соработници, од кои шест со истите симптоми на мачнина, а осум со симптоми на умилкување кон шефот. Пациентите се во добра здравствена состојба и набргу ќе бидат пуштени дома“, соопшти директорот на болницата Митко Петрушев.

Од изјавите на лидерот на опозицијата Зоран Заев во последните неколку недели станува апсолутно јасно дека Социјал-Демократите не се воопшто расположени и подготвени за победа на априлските избори, бидејќи како што вели тој „Зоран Заев не сака да биде како Никола Груевски и да има апсолутна власт во Македонија“.

Противниците на чистата седемократска гандиевска мисла на Заев овој став на човекот кој е градоначалник на Струмица (затоа што мора, а не затоа што сака власт) го толкуваат како алиби пред поразот во април кој им е јасен и на најтврдокорните поддржувачи на СДСМ.

Раководството на СДСМ одржа дводневен состанок во Берово на кој се усвојуваше стратегијата за делување во парламентот, откако беше договорено опозиционерите да се вратат во парламентот на 1-ви септември. Еден од предлозите на состанокот бил дека доколку случајно имаат 62 пратеници, барем 30 од нив ќе ја продолжат праксата на оваа гарнитура на опозиционери и нема да доаѓаат на седници на парламентот за да немаат апсолутна власт.

Меѓутоа, поголем дел од раководството на СДСМ се обединило околу ставот дека треба да се стори се што е можно СДСМ да не победи на изборите во април, за да немаат прилика да владеат како Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега виденото, стратегијата ја применуваат одлично.

 

 Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top