Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи на 809 земјоделци.
Како што соопшти денеска Министерството за финансии, за произведено и продадено млеко се исплатени 12,8 милиони денари субвенции на 478 сточари, при што висината на субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар.
Дополнителни 9,8 милиони денари или 9.000 денари по хектар субвенции се исплатени на 256 земјоделци за обработлива земјоделска површина за поледелски култури.
За одржување постоечки лозови насади, Владата исплати 6,6 милиони денари на 63 лозари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар.
Исплатени се и 4,7 милиони денари за производство на домати, пиперки и краставици под контролирани услови, при што висината на субвенцијата изнесува 90 илјади денари по хектар.
По 2.800 денари од грло, или еден милион денари исплатени се и субвенции за одгледување говеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Димитриевски: СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра