Општината Чешиново Облешево како дел од мрежата „Европско село на штркот“, заврши со пописот на штрковите, кој се реализираше со помош на Македонското еколошко друштво и волонтери од општината.
– Пописот покажа дека во Македонија има 817 активни гнезда на штркови во кои живеат вкупно 3.661 штрк. Според пописот, штрковите во Кочанското поле се најгусто населени и тоа со повеке од 2 штрка на квадратен километар. Од нив во општина Чешиново Облешево се пребројани над 70 активни штркови гнезда, каде што е регистрирано и најголемото штрково гнездо со пречник од 3,2 метри – изјави Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
За заштита на штрковите како ретки птици општината заедно со ЕВН во изминатите два месеца поставува платформи за штркови гнезда со што ги спасија шптрковите и нивните гнезда од уништување на електричните столбови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.