Докажано е дека стресот нема значајно влијание врз таложењето на вишокот килограми кај мажите. Сепак, кај жените тоа не е случај. Кај нив, стресот игра важна улога во зголемувањето на ризикот за појава на гојазност.
Според Универзитетот Мичиген, стресот може да предизвика зголемување на телесната тежина кај жените особено доколку жената била подложна на поголеми стресни трауми пред нејзината шеснаесетта година.
Во спроведеното истражување земале учество вкупно 3,617 личности, кои биле следени цели 15 години. Потврдено е дека жените се склони кон тоа да внесуваат поголема количина храна откако биле изложени на некоја стресна ситуација, за разлика од мажите кои најчесто после изложувањето на стрес се повлекле во себе или се свртеле кон алкохолот. Според ова истражување 70 отсто од жените кои страдаат од депресија имаат вишок на килограми, поради користењето на методот на прејадување во борбата против лошото расположение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.