| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Србија в година ќе почне преговори со ЕУ

han2
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Србија предводена од премиерот Александар Вучиќ претставува фактор на стабилност во регионот и изрази надеж дека на почетокот од следната година ќе биде отворено првото преговарачко поглавје со Србија.

– Србија со премиерот Вучиќ стана фактор на стабилност во целиот регион. Неговиот придонес за помирување, како неодамна со БиХ и со Албанија, треба да биде признат – истакна Хан.

Тој нагласи дека најновиот напредок во дијалогот со Косово треба да ја отстрани последната пречка на патот кон почеток на преговорите со ЕУ.

– Искрено се надевам дека на почетокот на 2016 година ќе бидеме подготвени и Советот ќе даде зелено светло. Интензивно се ангажирав за тоа – додаде еврокомесарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top