Велат далеку од очи, далеку од срце! Сепак, Александар Белов не се согласува со ова и вели дека кога се сака, сè се може. Доказ за тоа е и неговата романса со Србинката Јелена со која е во врска веќе една година.
Далечината во денешно време, со оваа напредна технологија и не претставува некаков проблем, 350 км е како од Берово до Охрид, само што овде разликата е две различни држави. Ако љубовта е голема, не постојат никакви проблеми. Засега функционираме одлично и немаме никаков проблем, откри пејачот, кој вели дека се уште не размислува за свадба затоа што смета дека му е рано да се збогува со ергенскиот живот.
Ќе се женам на 33 години и сега – засега не размислувам за тоа, убаво ми е вака, но нели велат дека во животот ништо не можеш да планираш, но јас ќе се потрудам мојот став да го реализирам, додаде Белов.
Неговата избраничка и покрај тоа што не се занимава со јавна професија, сепак има разбирање за она што тој го работи.
Со оглед на работата што ја работиме ние јавните личности, ретко можеш да најдеш некој од кој безрезервно ќе добиваш поддршка и ќе те разбира. Сето тоа го имам и тоа ми е поголем мотив за да го работам тоа што го сакам, вели пејачот.
Извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст