Собранието на Република Македонија денеска ќе ги продолжи 63. и 64 седница, а закажани се и седници на десет собраниски комисии. На дневен ред се повеќе закони по скратена постапка и во второ читање.
На дневен ред на 64.седница се измените и дополнувањата на Законот за личната карта, дополнувањето на Законот за личното име, измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, по скратена постапка.
Повеќе закони по скратена постапка се на дневен ред на 63-та седница: измени и дополнувања на Царинскиот закон, на Законот за даноците на имот, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за хартии од вредност, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за даночна постапка, на Законот за комуналните такси, по скратена постапка и други.
Седници ќе одржат собраниските комисии за економски прашања, за образование, наука и спорт, за здравство, за култура, за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст