| четврток, 6 декември 2018 |

Грција влегува во предизборен период

Municipal and regional elections in Greece

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска треба да го почне процесот за одржување втори предвремени избори во Грција годинава.

Лидерот на Популарно единство Панајотис Лафазанис околу пладне ќе го врати прелиминарниот мандат што го доби од претседателот. Потоа ќе следат низа настани, кои ќе резултираат со создавање привремена влада и определување датум за изборите.

Некои медиуми коментираат дека Павлопулос, веројатно, нема да се обиде да свика состанок на лидерите на партиите за да се испита дали е можно да се формира влада од сегашниот Парламент. Премиерот Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер, министерот за одбрана Панос Каменос, јасно ставија до знаење дека не се заинтересирани за учество во такви разговори.

– Треба брзо да се движиме кон избори на 20 септември, за да може владата да продолжи со својата работа, и да се движиме кон иднина со стабилност – рече Каменос.

Очигледната неподготвеност на Павлопулос да свика лидерска средба ги обесхрабри опозициските партии, особено Нова демократија, коментира „Катимерини“. Сепак, поранешниот министер за финансии, Евангелос Венизелос, кој е уставен експерт, посочи дека претседателот ќе дејствува во рамките на правилата и ќе го повикува секој лидер поединечно, наместо на заеднички состанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top