Премиерот Никола Груевски со два гола се впиша во листата на стрелци, а асистираше при реализација на третиот гол на натпреварот кој доцна вечерва се одигра во австрискиот главен град Виена. Конецниот резултат заврши со победа на екипата на Западен Балкан против ЕУ со 4 спрема 2.
На натпреварот силите ги одмерија претседателите на влади и нивни претставници на земјите на Западен Балкан, со преставници на земјите од Европската Унија. Судија на мечот беше еврокомесарот Јоханес Хан.
Натпреварот се одигра во пресрет на виенскиот Самит на земјите од Западен Балкан 2015 чијшто покровител е токму Европската Унија, а започна како дел од берлинската иницијатива за инклузија на Западниот Балкан во рамките на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст