Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска апелираше до земјите во Европа и во светот да покажат солидарност и да вложат поголеми напори за решавање на кризата со мигрантите.Бан во своето обраќање во француското Министерство за надворешни работи истакна дека илјадници мигранти „преземаат опасно патешествие и не треба да се соочуваат со нови искушение по пристигнувањето“.
– Денес има поголем број раселени луѓе отколку што имало некогаш по Втората светска војна. Во Сирија и од други места милиони луѓе бегаат од насилството и прогонот. Други се обидуваат да избегаат од сиромаштијата и бараат начини да живеат достоен живот, истакна Бан.
Тој наведе и дека треба да се поведе борба против илегалната трговија со луѓе и дискриминацијата, да се изнајдат правни решенија и да се заштитат човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти