| четврток, 6 декември 2018 |

Имери: Косовскиот премиер и неговиот заменик се предавници

visar
Парламентарната косовска опозиција жестоко се спротистави на договорот што Белград и Приштина го постигнаа во Брисел, а лидерот на движењето Самоопределување Висар Имери косовскиот премиер и неговиот заменик ги нарече предавници на националните интереси.Имери ги повика граѓаните на Косово да бидат подготвени за заедничка акција за стопирање на формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), додавајќи дека не треба да се исклучува дури и насилството.

Лидерот на Самоопределување го повика косовскиот премиер Иса Мустафа да поднесе оставка, а ако тоа не го направи, треба да се урне косовската Влада.

Имери наведе дека Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи треба да бидат прогласени за предавници на националните интереси бидеќи потпишаа четири договори постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај Договорот за формирање на ЗСО го оцени како назадување, додавајќи оти партијата се  уште нема донесено одлука за спротиставување на Договорот.

– Алијансата за иднината на Косово е против Договорот за формирање на ЗСО бидејќи го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет, па дури и државноста на Косово“.

Правниот експерт Риза Смака истакна дека Договорот за формриање на ЗСО претставува кршење на Уставот на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top