| четврток, 6 декември 2018 |

Нема казни за велосипедисти без заштитен шлем

velosipedisti 2
Нема да има казни за неносење заштитен шлем при управување со велосипед. Во став 2 од предлог законот кој е во собраниска процедура стои дека возачот и лицата што се превезуваат со велосипед треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Но не е нагласено дека е задолжително, што значи дека за велосипедистите казна не е предвидена.

Казни ќе има само за непочитување на став 1 од законот во кој стои: „Возачот и лицата што се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот“.

Исто така, во став 5 од предлог законот стои дека „Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top