Синоќа во Битола на Широк сокак се одржа Трка на високи потпетици во организација на Младинскиот културен центар од Битола, на која победи Ана Јанкуловска (20 г.) со редниот број 1. Интересно е тоа што Јануловска победи и минатата година.
По вторпат учестувавав на оваа трка и по вторпат освоив прво место. Се чувствувам одлично и би им препорачала на сите девојки в година да бидеме што помногубројни. Високите потпетици за девојките и за жените се многу важни, но кога се трча на високи потпетици е навистина тешко и затоа мислам дека треба да бидеме горди на сите кои што трчаа на трката на штикли во Битола, рече Јанкуловска по завршувањето на трката.

Се натпреваруваа вкупно 14 учеснички кои си ги измерија силите во две полуфинални и една финална трка. Регуларноста на трката ја следеше петчлено жири во состав на јавни личности. Годинава трката на штикли имаше меѓународен карактер, бидејќи покрај девојките од Македонија три од натпреварувачките беа од Турција.

Идејата на манифестацијата е да се понуди нешто ново во урбаната култура не само за Битола туку и за Македонија воопшто, по примерот на многу поурбани центри со поголема традиција и историја. Со задоволство можам да констатирам дека и најновото, четврто по ред, издание на трката на штикли предизвика огромен интерес кај граѓаните. Имаме гости од целиот регион, како и гости од странство меѓу натпреварувачките. Нашите постари сограѓани и гости забележаа дека трката предизвика интерес кој некогаш го предизвикувала и Штафетата на младоста. Сметам дека годинашното издание поради својот интернационален карактер ќе потврди дека е најуспешно досега и дека ќе даде поттик и во иднина да организираме уште поуспешни манифестации, рече по трката Сашо Додовски од Младинскиот културен центар-Битола.

Трката на штикли која привлече огромен интерес беше организирана по четврт пат. Манифестацијата, која се организира во рамките на битолско културно лето Битфест, го следи трендот на најпознатите светски трки по меѓународни стандарди, како што се трките на штикли на улиците Кнез Михајлова во Белград и Страдун во Дубровник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


