| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ги забрани закажаните протести против емигрантите

Protest-desnicara01-620x350Министерството за внатрешни работи на Србија ќе ги забрани сите собири што се закажани на 31 август против емигрантите, соопшти српскиот министер Небојша Стефановиќ.

– Нема да дозволиме ширењето нетрпеливост и омраза да биде нешто што ќе ја симболизира Србија. Српското МВР нема да дозволи одржување на какви било собири против емигрантите и луѓе што поради тешките услови или војните во нивните земји се принудени да минуваат низ Србија – порачал Стефановиќ.

Министерот изјавил дека нема да поддржи никакви фашистички собири, особено што Србија има долга антифашистичка традиција. Според него, Србија сака да испрати порака дека сите луѓе кои минуваат низ таа земја секогаш се добро, топло и домаќински примени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top