Филип Петровски, смета дека професорот Денко Малески е „човек кој како константа во биографијата може да запише АНТИМАКЕДОНСКО ДЕЛУВАЊЕ со секое отворање на устата“.
Петровски во својот статус истакна дека Денко Малески обработува антимакедонска агенда.
– О па, се јави Денко Малевски (грчкиот курир) човек кој како константа во биографијата може да запише АНТИМАКЕДОНСКО ДЕЛУВАЊЕ со секое отворање на устата. Се сеќавате кога како Министер за надворешни работи на оваа држава велеше дека само преку него мртов Македонија може да биде независна… И не му е доста што се брукаше во девеесетите, туку и денеска мора да одработува за истата агенда.
Мислам дека ако овој лик денунцира одреден проект или предлог оти тоа е сигурен знак дека тоа е добар проект или предлог.
Еве како за пример, се сеќавате на било што од него што било во прилог на државата или пак да направил нешто општествено корисно. Не. Па јасно.
Тоа е затоа што тој е потомок на носители на комунистичка власт, и со самото тоа до девеесетите и беше привилегиран. Меѓутоа ја измеша привилегијата со реалната општествена потреба од негов ангажман. Таква работа не постои. А кога имаше шанса да му покаже на ова општество за што го бидува лицитираше само со една работа – предлози за промена на името, затоа што така требало.
Со тоа стана излишен и вишок во историскиот процес на етаблирање на оваа држава како рамноправен субјект во меѓународното право.
Време е југословенот Денко да се предаде на пензијата и да промисли убаво за југословенството версус македонизмот.
Денко е архетип на АНТИВМРОВЕЦ. На него му се гади од самата помисла на Огранизацијата, Партијата и Државата… Мизерно…, напиша Петровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст