Дадените ветувања од премиерот Никола Груевски во април годинава во Тетово, за инвестиици во патната инфраструктура во полошкиот регион, се почнаа да се реализираат.
– Во делот на патната инфраструктура во овој регион изминатите три години извршивме изградба, реконструкција и модернизација на над 90 километри локални и регионални патишта во целиот овој тетовско-гостиварски регион за што беа инвестирани повеќе од 11 милиони евра. Само во Тетово изминатата година беа инвестирани 4,5 милиони евра за реконструкција и модернизација на 30 километри локални и регионални патишта. Во периодот што следи ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на патната инфраструктура во Полог. Во идниот период во Тетовско ќе инвестираме повеќе од два милиони евра за реконструкција и надградба на 20 километри пат меѓу кои и надградба на коовозот Тетово – Попова Шапка која ќе започне во мај-јуни, како и рехабилитацијата на регионалниот пат Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар во должина од 16,5 километри, инвестиција вредна 2 милиони евра, реконструкција на овој пат која ќе започне токму ова лето, рече тогаш премиерот Груевски.
По завршувањето на првата фаза од надградбата на коловозот Тетово – Попова Шапка која започна на 25 мај и заврши на 15 јуни, а која ќе продолжи и во наредните години, согласно ветеното градежна оператива започна со рехабилитацијата на регионалниот патен правец Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар во должина од 16,5 километри и инвестиција речиси 2 милиони евра, со што започнува да се реконструира овој исклучително значаен правец за целиот полошки регион, по кој секојдневно поминуваат голем број на граѓани од овој регион.
Иако неветено, во интерес на граѓаните, завчера започнаа и градежните работи за реконструкција на локалниот пат во Непроштено, проект кој следи после пуштањето во употреба на неколку патни правци во општините Брвеница и Јегуновце и со кој се продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Полог.
Покрај овие ветени инвестиции за овој регион, при посетата на Тетово и Теарце, премиерот Груевски најави и нова дополнителна владина поддршка за општините во овој регион, за реализација на проекти кои се насочени за подобрување на животот во населените места. Само преку владината програма за рурален развој за осумте општини од овој регион се обезбедени околу 4,5 милиони евра, за проекти кои се започнати или ќе започнат со реализација во наредниот период.
– Четири и пол милиони евра можат да почнат веќе да се користат. Сега градоначалниците треба да почнат со реализација на проектите. Инаку, само за општината Тетово од овие 4,5 милиони евра доделени се 1.640.000 евра директна поддршка, помош од Владата за изведба на проекти во општината Тетово. Така што, целта на оваа помош што Владата ја дава на општините во Македонија, а во конкретниов случај во полошкиот регион е што повеќе да се излезе во пресрет на граѓаните за нивните најприоритетни проекти и проблеми, како што се локални патишта, водоводи, канализациски мрежи, паркови и слично уредување на просторот, што често пати е барање од многу жители. Затоа и Владата овој пат излезе со една поголема програма во тој дел, истакна Груевски при посетата на Тетово.
Со оваа владина поддршка во општините Тетово, Гостивар, Боговиње, Јегуновце, Брвеница, Тераце, Желино и Врапчиште ќе се инвестира во 8 патни правци, ќе се реконструираат улици во три населени места, ќе бидат изработени урбанистички планови за 20 населени места, а ќе се гради и фекална канализација и ќе се уредува излетничко место. Проекти со кои значајно се подобрува квалитетот на живот во населените места во полошкиот регион.
Исто така исполнето е уште едно ветување од премиерот Груевски. При посетата на селото Доброште и семејството чија куќа беше поплавена, веднаш следниот ден дејствуваше механизацијата што за таа намена беше испратена од градот Скопје.
Членовите на семејството се благодарни што им се излегло во пресрет а нивното барање и што она што го ветил премиерот Груевски веднаш се исполнува, се чистат наносите од песок и камења и дрвја. Механизацијата на град Скопје активно работеше на терен во расчистување на штетите во тетовско Доброште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст