| четврток, 6 декември 2018 |

„Ајрон Мејден“ со нов албум и светска турнеја

final_frontier_36_iron_maiden_wallpaper

Британската хевиметал-група „Ајрон Мејден“, на 4 септември, ќе го издаде својот нов албум по повеќе од пет години, а в година ќе почне светска турнеа.

„The Book of Souls“ е шеснаесеттиот албум на групата и првиот двоен албум. Веста доаѓа неколку месеци откако вокалистот на групата Брус Дикинсон се излекува од рак на јазикот.

Интересно е дека за светска турнеја „Ајрон Мејден“ ќе користат авион „боинг 747-400 џамбоџет“, кој ќе биде управуван од вокалистот Брус Дикинсон. Групата и нивниот тим ќе имаат повеќе од 12 тони опрема, а концерти ќе има на шест од седумте континенти, без Антарктикот.

JET-003B_1000

Се очекува „The Book of Souls World Tour 2016“ да посети околу 35 држави. Деталите околу точните датуми и распоредот уште се прецизираат.

Почетокот на турнејата е предвиден за крајот на февруари 2016 година во САД. Во Европа концертите ќе бидат од крајот на мај до почетокот на август 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top