Аналитичарот Александар Пандов на својот профил на „Фејсбук“ објави статус во кој вели дека критиката на Денко е најголем комплимент за Никола Груевски и доказ дека Груевски работи во интерес на Република Македонија.
Во статусот тој зборува за антимакедонските ставови и позиции на Малески, истакнувајќи дека кога тој вели дека нешто е лошо, тогаш тоа е сигурно добро за Македонија.
Во општествениот живот Денко Малевски секогаш истапувал со антимакедонски ставови и позиции. Тоа е негова константа, да е против интересите на Македонија. Сите се сеќаваме дека Денко како заколнат југословен во Собранието гордо изјавуваше дека Македонија не може да биде самостојна држава и дека сите ние наместо Македонци треба да бидеме југословени. Се сеќаваме и дека Денко често сакаше да се става во улога на кум и да лицитира со предлози за име на нашата татковина, односно сакаше да не преименува. И сите ние добро знаеме дека овој лик во општествениот живот и во политиката е 40 години, а ни јас ниту граѓаните можеме да се сетиме на едно добро дело кое го направил во интерес на Македонија. Се што правел, правел против Македонија. Водејќи се од фактот дека Денко секогаш брани антимакедонски позиции, денес кога Денко Малевски вика дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мнозински изборен модел и бонус 17 пратеници за победникот не е добар, тоа е најдобрата гаранција и аргумент дека предлогот е добар за Македонија. И токму критиката на Денко е најголем комплимент за Никола Груевски и доказ дека Груевски работи во интерес на Република Македонија, напиша Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст