| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ закажа итен состанок за безбедноста по нападот во возот „Талис“

thalisМинистрите за внатрешни работи и сообраќај од земјите на ЕУ в сабота ќе одржат состанок во Париз за да се договорат за безбедносните мерки по минатонеделниот обид за напад на експресниот воз од Белгија до Франција.

Според францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев на состанокот ќе се разговара за „многу конкретни предлози“, а министрите ќе ги разгледаат и начините за поефикасна системска контрола на аеродромите и јавниот превоз.

За нападот на возот е осомничен Ајуб ел Казани (25) по потекло од Мароко, кој во петокот влезе во воз во Брисел вооружен со автоматска пушка и пиштол, но неговиот напад го спречија патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top