Цел ден траела драмата што се одигрувала вчера во Задар, Хрватска, каде што четири девојки на возраст од дваесетина години заминале на одмор. Три од нив биле сестри.
Првиот повик до полицијата стигнал околу девет часот, кога девојките го пријавиле возачот на минибусот, кој ги донел на дестинацијата. Настанала караница околу сместувањето во апартманот, а според девојките возачот бил толку агресивен што неговиот вербален напад веднаш го пријавиле в полиција, пренесуваат медиумите.
Вториот повик до полицијата се случил одоку 16 часот кога ги повикал возачот, кој го пријавил таткото на трите сестри. Тој шокиран од нападот врз своите ќерки допатувал во Задар, го пронашол возачот и го нападнал со чекан. Притоа ги скршил стаклата на неговото возило.
Приказната завршила така што двајцата биле приведени пред прекршочен судија, кој парично ги казнил, а обвинети се и за нарушување на јавниот ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


