| четврток, 6 декември 2018 |

Смокви – малку калории, многу корисни состојки

smokvi

Сувите смокви се одличен извор на минерали, витамини и антиоксиданси. Но, за разлика од свежите, 100 грама суви смокви имаа 249 калории. Така, тие може да се идеален оброк за сите оние на кои им недостасува енергија. Поради количината на шеќер која ја содржат, дијабетичарите треба да внимаваат на количината смокви која ја внесуваат. Но, ако сакате да ја подобрите концентрацијара, слободно изедете по некоја сува смоква.

Свежите смокви се посебно богати со антиоксиданси, како што се каротен, лутеин, танин и клорогенска киселина. Нивната антиоксидативна вредности се споредува со онаа на јаболките. Така, со конзумација на смокви може да се зашититите од многу болести.

Освен тоа свежото овошје содржи адекватно ниво на витамини, особено витамин А, Е и К. Смоквите заштитуваат од рак, дијабетес, дегенеративни болести и инфекции. Одличини се за заштита на кожата, а мажите треба да ја конзумираат за добро здравје на простатата.

Исто така, истражувањата покажуваат дека клорогенската киселина во ова овошје помага во намалување на нивото на шеќер во крвта и го контролира нивото на гликоза во крвта.

Свежите како и сувите смокви содржат и витамини од Б групата. Овие витамини го забрзуваат метаболизамот.  Сувите смокви се одличен извор на минерали како калиум, калциум, железо, селен и цинк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top