| четврток, 6 декември 2018 |

Цановски го напушта Црвенковски?

Фијат Цановски сериозно размислува да ја прекине соработката со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, тврдат партиски извори за порталот sq.kurir

indexИзвори од партијата на ПЕИ потврдуваат дека Фијат Цановски има реализирано неколку средби со високи претставници на ДУИ, од кои беше побарано ДУИ да го подржи неговиот син Сефер Цановски за градоначалник на Струга, но од партијата на Ахмети категорично ги одбија ваквите барања, со образложение дека ДУИ ужива голема доверба кај граѓаните на Струга.

 

Според истите извори, штом беше отфрлен првиот предлог на ПЕИ, се изнајде заедничко решение, партијата на Цановски да го подржи кандидатот на ДУИ за Струга, а како возврат да ја добие подршката на ДУИ во општината Маврово, каде мнозинство се македонски муслимани, на кое исто така припаѓа семејството Цановски.

Дека Сефер Цановски нема да се кандидира за градоначалник на Струга, тоа го потврди и самиот тој за sq.kurir каде и меѓудругото истакна:

-Многу пати моето име беше спомнувано по медиумите дека ќе се кандидирам за градоначалник на општината, но тоа беа само шпекулации. Јас ви потврдувам дека нема да се кандидирам, но мое мислење е, препораката што му ја имам дадено на татко ми Фиат Цановски, е тоа што ПЕИ треба некое подолго време да се соедини со албанските партии, затоа што иднината ја има кај Албанците од Македонија. Можам да ви потврдам дека Фиат Цановски е во разговори со партијата на Ахмети, разговори кои во наредните денови би можеле да завршат доста позитивно. Но неможам да кажам дека ПЕИ ја напушта коалицијата со СДСМ, тоа е одлука на лидерот на партијата Фијат Цановски, изјави за sq.kurir Сефер Цановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top