Руското министерство за спорт одлучи да го зголеми буџетот за организација на Светското фудбалско првенство во 2018 година за дополнителни 176 милиони долари. Иако пред некој месец ова министерство соопшти дека буџетот кој е проектиран за рекострукција на старите и изградба на нови стадиони нема да биде променет во следните три години, сепак реши да го зголеми за дополнителни два проценти.
Кон крајот на мај Виталиј Мутко, министерот за спорт, изјави дека буџетот е намален за 3,6 милијарди рубљи и со тоа беше намален бројот на планираните 48 објекти за тренинг на 37, а капацитетот на стадионите во Калининград и Екатеринбург ќе биде намален на 35.000 седишта наместо првично предвидените 45.000.
– Ова е ребаланс на средствата во рамките на програмата, а не зголемување на расходите – објасни Мутко.
Единаесет градови низ Русија се избрани за домаќини на Светското првенство во фудбал во 2018 година. Натпреварите ќе се одржат во периодот од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони од кои 2 се во главниот град. Други градови домаќини се Санкт Петербург, Сочи, Казан, Саранск, Калининград, Волгоград, Ростов, Нижни Новгород, Екатеринбург и Самара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


