| четврток, 6 декември 2018 |

Стресот влијае на телесната тежина

Изложеноста на стресот во детството кај жените има значајна улога во брзото зголемување на телесна тежина децении подоцна, утврдија американски научници.

Од друга страна, изложеноста на стрес во возрасно доба немало таков ефект на зголемувањето на телесната маса.
Кај мажите вклучени во истражувањето стресот немал влијание на насобирањето на вишок килограми.
Во истражувањето спроведено на Универзитетот Мичиген учествувале 2.200 жени и 1.300 мажи.
Главниот извор на стрес во деството биле сиромаштијата, менталните заболувања кај родителите и отсутноста на таткото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top