| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува приливот на емигранти, од вчера контрола и од грчка страна

Migrants breaking through the cordon of Macedonian special police forces to cross in Macedonia
Процената на УНХЦР дека дневно низ Македонија ќе транзитираат по 3.000 мигранти вчера се покажа точна. Според нивната евиденција, приближно толкав број емигранти вчера заминале од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце со организиран железнички, автобуски и такси-превоз.

Според УНХЦР, транспортот на емигрантите се одвива без проблем, соработката со другите ангажирани во соочувањето со бегалската криза е на потребното ниво, односот на полицијата е коректен, но стои уверувањето дека ЕУ мора да помогне во ублажување на бегалската криза.

Утрово околу 5 часот со вонреден воз, кој тргна од платформата на прифатниот камп кон северната граница, заминаа околу 400 емигранти. Следниот вонреден воз со емигранти од Гевгелија ќе замине околу 20 часот. Тие што не стигнаа за возот до Табановце, моментно се превезуваат со автобуси и со такси-возила што се паркираат кај мостот на Сува Река додека не се тампонира пристапниот пат.

Од грчка страна емигрантите пристигнуваат во помали групи од порано, веројатно како резултат на грчката полиција, која, конечно, од вчера е распоредена на граничната линија со Македонија за да ја контролира состојбата и да го организира нивното преминување во нашата земја.

Црвениот крст информира дека во просек дневно има од 40 до 50 здравствени интервенции и дека во текот на вчерашниот ден биле поделени 200 пакети со храна и со вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top