
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворањето на фабриката на германската компанија „Техникал текстајлс“ во Технолошко-индустриската развојна зона – Штип.
Инвестицијата е вредна над 10 милиони, а се планирани 1.000 вработувања. Договорот за оваа инвестиција сопственикот Јенс Венгланд и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо го потпишаа во април оваа година. Во фабриката ќе се произведува фиберглас за индустријата, за бродската индустрија и за индустријата за енергија на ветер.
Како што тогаш изјави сопственикот на „Техникал текстајл“ Венгланд, идејата за инвестирање во Македонија произлегла од рекламата што ја видел во авион додека патувал кон Абу Даби каде што требало првично да се реализира оваа инвестиција, а го привлекле и подобрите услови што ги нуди Македонија за правење бизнис.
Планирано е за една година доколку оди добро со оваа инвестиција да почнат и производство на алуминум и пластика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


