
За возење без сигурносен појас возачите во иднина ќе плаќаат глоба од 40 евра во денарска противредност или, пак, ќе им бидат впишани 25 негативни поени во возачката книшка. За непропуштање пешаци казната ќе достигнува до 200 евра во денарска противредност.
Ова се мал дел од одредбите на Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање, кој е на се на дневен ред на денешната 63. седница.
Додека возачот го управува возилото не смее да користи мобилен телефон, освен ако притоа не употребува направа што овозможува нивно користење без употреба на раце. Глобата за зборување на мобилен телефон се предвидува да изнесува 40 евра или 25 негативни поени.
Лицето што се превезува со возилото не смее да му пречи на возачот на начин што би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување на моторното возило. Глобата за тие што им пречат на возачите е предвидено да изнесува 50 евра во денарска противредност.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи 63. и 64. седница.
На дневен ред на 63. седница се и Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Решителна поддршка“ во Авганистан, како и повеќе измени и дополнувања на закони од различни области, во скратена постапка.
Пратениците ќе дискутираат и за предлог – законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево и на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции во земјоделство и рурален развој во Република Македонија.
Собранието ќе ја продолжи и 64. седница на чиј дневен ред, исто така се измени и дополнувања на повеќе закони по скратена постапка од областа на земјоделството, шумарството, здравството, труд, внатрешни работи и други со кои се врши усогласување со одредби на Законот за прекршоци.
Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство, за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за култура, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, одбрана и безбедност и Законодавно -правната комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


