| четврток, 6 декември 2018 |

Пирс Броснан: Џејмс Бонд никогаш нема да биде хомосексуалец

pirs
Пирс Броснан не верува дека продуцентите би рекле „да“ Џејмс Бонд да биде хомосексуалец.

Актерот што го играше најпознатиот таен агент во четири филма (1995-2002) смета дека е можно Идрис Елба да биде прв црн таен агент 007, но смета дека продуцентите се поприспособливи кога станува збор за боја на кожа отколку за сексуална ориентација на Бонд.

– Мислам дека Барбара Броколи (продуцент на секој филм за Бонд од 1993 година) не би дозволила хомосексуалец Бонд да се појави кога било. Сепак, тоа би било интересно за гледање – вели Броснан.

– Елба има изглед и харизма, но мислам дека Даниел Крег ќе се задржи уште некое време како главен актер – вели Броснан.

Крег потпиша договор за уште едно продолжение по филмот „Спектре“, кој треба во киносалите да се прикажува оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top