Поранешната НБА-ѕвезда Андреј Кириленко е избран за претседател на Руската кошаркарска федерација (РФБ). Сите 215 члена на конференцијата гласаа за 34-годишниот Кириленко, кој изјави дека „има длабока криза на довербата во РФБ“. Кошаркарот што помина значаен дел од кариерата во Јута џез, а со Русија го стана европски шампион во 2007 година, се повлече од активното играње во јуни.
Руските тимови минатиот месец добија забрана за настап на меѓународните натпреварувања поради мешањето на Владата во водењето на РФБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.