За да ги изгубите вишокот килограми можете да бирате меѓу големиот број на диети или да броите калории, а што и да одберете зачините секогаш можат да бидат вклoпени во тоа.
Користењето на одредени зачини во исхраната може да ви помогне многу околу губењето на килограмите. Овие зачини нема да ве излечат од лошиот начин на исхрана или неактивниот начин на живот, но доколку ги додадете во здравата исхрана и програмата за вежбање, можат значително да придонесат кон подобрување на истата. Многу од овие зачини биле предмет на истражување и резултатите покажале дека нивното консумирање може да донесе изненадувачки позитивни резултати. Еве и кои се тие:
Жен-шен
Жен-шен е еден од најпознатите зачини кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите поради способноста да дејствува како стимуланс, без присуство на кофеин. Тој најчесто се употребува поради способноста да го зголеми нивото на енергија во телото, како и да го забрза метаболизмот. Најчесто се консумира како чај.
Сенф (синап)
Сенфот е зачин кој не е калоричен, што значи дека е одличен за одржување на вашата тежина. Тој, исто така, го намалува и шеќерот во крвта, го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот. Сенфот е растение кое спаѓа во групата на зеленчуци како што се брокулата, зелката, како и марулата.
Црн пипер
Изненадени сте? Овој зачин е лесно достапен и е еден од најупотребуваните зачини ширум светот. Разни истражувања покажуваат дека црниот пипер помага за балансирање на метаболизмот и за одржување на телесната тежина во границите на нормалата. Црниот пипер содржи соединение наречено piperine кое го блокира формирањето на масните клетки.
Куркума
Овој зачин со прекрасна портокалова боја не се употребува многу во нашите краишта, но откако ќе го пробате со сигурност ќе го засакате. Често се употребува во комбинација со кари, а има многу поблаг вкус од карито, но има висока хранлива вредност. Куркуминот – неговата главна состојка е моќен антиоксиданс и го спречува формирањето на масно ткиво.
Цимет
По наше мислење, циметот е еден од најдобрите зачини за јадење. Не само поради неговиот прекрасен мирис и вкус кој ве смирува и релаксира, туку тој е исклучително популарен и ефикасен зачин кој помага во намалувањето на килограмите. Циметот, исто така е антигабичен зачин кој се бори со лошите бактерии во вашето тело. Прави баланс на добрите бактерии и помага вашето тело да ги апсорбира хранливите материи. Богат со антиоксиданси кои го намалуваат нивото на инсулин и го задоволува вашиот апетит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


