Велигденско зајаче било сопрено од сообраќајна патрола во Калифорнија затоа што не носело заштитна кацига на моторциклот.
– Го сопирам велигденското зајаче, соопштил полицаецот Адам Грифитс преку радиоврска.
Грифитс објаснил дека морал да го сопре мотоциклистот повеќе за да го заштити отколку да го казни.
– Тој не беше во можност да внимава на опкружувањето околу него и затоа ја загрозуваше неговата безбедност, како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Му реков дека ситуацијата е сериозна и дека не е шега – рекол полицаецот.
Сепак, на крајот, моторџијата избегнал казна и минал само со предупредувње.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


