Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) очекува во Македонија дневно да пристигнуваат по околу 3.000 емигранти, соопшти неговата портпаролка Мелиса Флеминг.
– Не очекуваме да запре приливот на луѓе во наредните месеци, имајќи предвид дека продолжуваат насилствата во Сирија и во Ирак, како и влошувањето на условите за бегалците во Турција, Јордан и Либан – рече Флеминг.
УНХЦР бара поголем ангажман на ЕУ и сите земји членки да гарантираат „праведна распределба“ на емигрантите. Европа, како што наведе Флеминг, може да се справи со емигрантската криза ако бидат преземени соодветни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.