| четврток, 6 декември 2018 |

Лозарите од Тиквешијата бараат 15 денари за „вранец“ и 13 денари за „смедеревка“

грозје

Петнаесет денари за килограм грозје од сортата „вранец“ и 13 денари за килограм „смедеревка“ бараат лозарите од Тиквешко на почетокот на бербата.

– Цените се формирани врз основа на проценка на реалните трошоци кои ги имаат лозаропроизводителите при производство на грозје. Наспроти нас, винарите даваат 12 и 10 денари за овие најзастапени вински сорти на грозје – изјави денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“.

Тој нагласи дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат и во иднина. Вчерашната средба не донела конкретни заклучоци, а следната треба да се одржи следниот понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top