По дерби дуелот во рамките од третото коло од Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул кој заврши без голови 0-0, се огласи и менаџерот на лондонскиот тим, Арсен Венгер.
Тој смета дека неговиот тим бил подобар во текот на целиот натпревар и требал да победи. Венгер се осврна и на поништениот гол на Арон Ремси во првиот дел поради офсајд, кој бил клучен за понатамошниот тек на натпреварот.
– Создадовме шанси во двете полувремиња. Немавме среќа во завршницата, но одлуката на судијата да го поништи голот на Рамзи беше од една страна одлучувачка. Таквата одлука тешко може да ја разберам затоа што убаво се виде дека не беше офсајд – вели Венгер по дуелот кој заврши без голови.
– Чех одработи добра задача против Ливерпул. Не одржа во игра во важните моменти. Тоа е она што го очекувате од него – дополнува Венгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.