| четврток, 6 декември 2018 |

Мето Јовановски почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

meto jovanovski
Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, со неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура, беше повод Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности да го прогласи со највисокото Универзитетско звање – почесен доктор (Doctor Honoris Causa), со што се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и други.

Церемонијата на неговото прогласување ќе се одржи на првиот академски час, на 15 септември 2015 година, со почеток во 11 часот, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со беседата на ректорот Јордан Плевнеш и со филмски портрет за на неговата уметничка одисеја.

Во исто време, ќе биде промовирана новата класа по актерска игра, која што ќе ја води токму Мето Јовановски, кој ќе го пренесе своето искуство и знаење на идните генерации македонски театарски и филмски актери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top