| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број од над 2.000 имигранти влегле вчера од Србија во Унгарија

Macedonian police officers control departure of the migrants in the train heeding to the Serbian border
Рекорден број од над две илјади имигранти ја поминаа вчера српско-унгарската граница и влегоа во Унгарија, која е членка на Европската унија, соопшти унгарската полиција.

Вкупно 2.093 имигранти, рекорден број регистриран за еден ден, ја преминале српско-унгарската граница, се наведува во соопштението.

Овој масовен прилив на имигранти доаѓа неколку дена пред завршувањето на оградата, која има за цел да го спречи влегувањето на имигрантите, што е планирано за 31 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top