| четврток, 6 декември 2018 |

Најлуди машки фантазии кои (не) морате да му ги простите

Man and Two Women in Bed Together

Жените често бегаат од машките сексуални фантазии бидејќи ги сметаат за бизарни и претерани, но истражувањата покажаа дека секој маж има своја фантазија која ја смета за врв на сексуалното уживање. Проверете за што се’ тие фантазираат, а можеби и некоја „жешка“ идеја добро ќе ви дојде:

1.Водење љубов со две жени (или повеќе)

Сценариото е едноставно: две или повеќе прекрасни жени истовремено, кои ги задоволуваат сите негови најлуди фантазии. Има ли нешто подобро од тоа? Фантазијата за сопствен харем е стара колку и машкиот род, а да не говориме за тоа што се’ би посакал да има пред неговите очи: жена со жена, сите жени заедно (што повеќе, тоа подобро), тој со сите жени…

2.Водење љубов на јавно место

 Многу мажи ги возбудува помислата за водење љубов на јавно место како што е паркинг, уличка, плажа или слично.

Тоа се скриени локации на кои сепак некој лесно може да налета.

Сепак, сексолозите сметаат дека тоа не може вистински да се нарече фантазија, туку желба за прекин на сексуалната рутина или зголемување на адреналинот како дополнителен набој во сексуалниот живот.

3.Свингање или размена на паровите

Правилата при свингање се едноставни: те изневерувам и ти на тоа си согласен/а, што значи дека сепак сум ти верен/а, но и обратно.

Иако во нашето опкружување ова е ретка појава, во последно време се појавуваат се повеќе клубови кои организираат забави од овој тип.

Ако се одлучите со својот партнер да одите на свингерска забава мора да знаете дека во оваа ситуација сте рамноправни, затоа што и вие го изневерувате него.

Но, психолозите сметаат дека во забавите од овој тип, жените емоционално патат и се согласни за размена на партнерот само за да му удоволат на својот маж.

4.Жена во костим

Медицински сестри, стјуардеси, ученички, полицајки и собарици се дел од нивните најдлабоки фантазии.

Машките фантазии во кои вие сте секси заводливка која мора да му ги исполни сите негови желби можеби ви се чинат многу банални, но тоа е она што нив најмногу ги пали.

Некои парови, за дополнително да ја „загреат“ ситуацијата, во вакви костимирани игри практикуваат мали корективни мерки, секако со одобрение на парнерот. Нема ништо лошо во неколку сочни удари по задникот.

5.Садо-мазо

Сака да ве врзува и да доминира над вас или пак сака низ сето тоа самиот да искуси се’, во секој случај сака само една работа, а тоа е остварување на неговите најскриени фантазии.

Ако сакате грубост и претерани страсти, ова е дефинитивно акција за вас, но немојте ништо да правите под присила. Важно е двајцата да уживате во сексот и ако не сте за вакви игри најдобро е да се откажете за да не биде исфорсирано и неприродно.

6.„Валкани“ разговори за време сексот

 Молчењето за време сексот за многумина мажи не е воопшто возбудливо, па обидете се со неколку „палави“ досетки кои можат да бидат забавни и интересни.

Тоа ќе му овозможи чувство на доминација бидејќи со изговарање на своите мисли во даден момент, ќе создадете чувство на контрола, а вашите сексуални игри ќе бидат уште пожешки.

7.Зрели жени

Многу популарна фантазија за повеќето мажи е идеал-жена во најдобрите години, а најдобар пример е Моника Белучи- искусна и бујна.

Младите мажи сигурно не би имале ништо против да научат се’ за сексот од една таква искусна супер-жена. Прифаќа додворување, многу е кокетна и во потрага е по силни возбудувања и „свежо месо“, тоа е машката фантазијата за зрела жена.

8.Разголени фотографии и „жешки“ филмови

Палави пози во оскудна облека или секси положба во полна акција и тоа се’ пред објективот на неговиот апарат или камера. Познато е дека мажите уживаат во порно филмовите па не зачудува фактот дека сакаат да станат дел од продукцијата. Ако сакате да поминувате време пред објектив, пробајте, можеби ќе изненадите со вашата способност за заведување.

Но, без разлика на машките желби и барања, на вас останува да се изјасните.

Како во сексот, така и во врската, се’ е работа на компромис и почитување, па ако веќе одлучите на својот партнер да му подарите едно незаборавно сексуално искуство, не заборавајте да го побарате истото и од него!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top