| четврток, 6 декември 2018 |

САД би требало да примат 8.000 бегалци од Сирија во 2016 година

migranti-13

САД во 2016 година би требало да прими меѓу 5.000 и 8.000 сириски бегалци, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Вашингтон треба да прифати меѓу 1.000 и 2.000 сириски бегалци оваа година и меѓу 5.000 и 8.000 бегалци следната 2016 година, изјави Кирби.

Тој додал и дека се разгледуваат случаите на 15.000 бегалци од Сирија кои до Вашингтон ги доставил Високиот комесаријат на ОН за бегалци УНХЦР.

Најмногу сириски бегалци има во Турција и Либан. УНХЦР проценува дека до крајот на годината ќе има 4,27 милиони бегалци кои од почетокот на војната во Сирија во 2011 година ја напуштиле својата земја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top