| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантите во Италија се судрија со полицијата

protest migranti italijaНеколку стотици мигранти, најмногу од Африка, денеска во милано, Италија, се судри со полицијата во протестите заради условите за живот и долгото чекање за документи.

Со извикување „Документи, документи“, околу 300 бегалци го прекинале сообраќајот на главната сообраќајница во Милано.

Реагирала полицијата задолжена за демонстрации, која ги потиснала демонстрантите кон привремениот камп каде се сместени.

Според италијанската полиција, над 100 илјади бегалци годинава пристигнале преку море до Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top