Премиерот Никола Груевски се сретна со министерот за надворешни работи на Република Бугарија Даниел Митов, при што двајцата дадоа позитивна оценка за односите меѓу двете земји и ја истакнаа заложбата и потребата за нивно дополнително интензивирање во сферите од заемен интерес.
Премиерот Груевски на средбата истакна дека Република Македонија се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи што ќе придонесе за подлабока политичка и економска соработка во регионот.
На средбата станало збор и за работата на работните групи на министерствата за надворешни работи во врска со договорот за добрососедство помеѓу двете земји.
Двете страни ја истакнаа отвореноста на државата за соработка за проекти во областа на патната и железничката инфраструктура, како и интересот за зголемена економска соработка, соопшти владиниот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


