Сеул и Пјонгјанг потпишаа договор за мир на Корејскиот Полуостров, по неколкудневната криза во која двете земји употребија оружје на границата, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Претставници на Јужна и на Северна Кореја постигнаа договор за намалување на тензиите по повеќедневните преговори.
Јужнокорејскиот претставник најави дека ќе ја објави содржината на договорот, но по одредени консултации.
Разговорите зад затворени врати во селото Панмунџа на границата на двете држави почнаа откако истече рокот што Пјонгјанг го постави на Сеул да прекине со емитување на пропагандата преку граница и заканите дека во спротивно ќе се соочи со воена акција.
Јужна Корејапреку 11 звучници емитува програма, која содржи најнови вести од Корејскиот Полуостров и од светот, како и емисии во кои се истакнуваат позитивните работи на демократијата и економскиот раст на Сеул во однос на репресивната власт во Пјонгјанг.
Сеул претходно одби да ја исклчучи пропагандата преку звучници се додека Пјонгјанг не се извини за експлозијата на мина во текот на месецот при што беа повредени два јужнокорејски војници.
Северна Кореја тврди дека не е одговорна за експлозијата и ја обвинува Јужна Кореја дека ги фабрикувала доказите за нејзината вмешаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит