САД испраќаат сигнали, дека сакаат да ги поправат односите со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Односите меѓу Вашингтон и Москва се влошија во изминатата година и половина поради конфликтот во Украина.
Лавров истакна дека Русија е подготвена за дијалог, но и дека нема намера да моли за подобрување на врските со САД.
– Но, ако добиеме предлог да започнеме, дури и постепено, да ги обновиме врските, механизмите за дијалог и соработка, замрзнати од нашите американски партнери, сигурен сум дека ќе се согласиме да ги вратиме тие врски, изјави Лавров на младински форум, додавајќи дека веќе добиле такви сигнали до Американците, но засега не многу јасни.
Лавров, исто така, истакна дека за Русија нема голема разлика кој ќе биде следниот претседател на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.