Општините од полошкиот регион можат да почнат да користат 4,5 милиони евра, кои се директна поддршка од Владата за реализација на инфраструктурни проекти.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на Тетовско при што рече дека мал дел од проектите се почнати, а поголемиот дел ќе почнат во наредниот период.
Средствата, како што додаде, се главно за изградба на водоводи, канализациски мрежи, патишта, уредување на просторот, паркови, плоштади…
– Сега градоначалниците ќе треба да почнат со реализација на проектите. Инаку, само за општината Тетово од овие 4,5 милиони евра доделени се 1.640.000 евра директна поддршка од Владата за изградба на проекти во општината Тетово, така што целта на оваа помош што Влада ја дава за општините во Македонија, а во конкретниов случај за полошкиот регион е што повеќе да се излезе во пресрет на граѓаните со најприоритетни проекти и програми како што се локални патишта, водоводи, канализациски мрежи…, што пак е често пати барање од многу жители. Затоа и Владата овој пат излезе со една поголема програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


