Европската унија треба да продолжи со проширувањето на Западен Балкан бидејќи тоа ќе го стабилизира и зајакне регионот, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка во контекст на на растечката миграциска криза.
Токму интеграцијата може да го стабилизира регионот и да ја зајакне способноста да се соочи со проблеми како што е миграциската криза денес- додаде Соботка.
За Чешка останува важен регионот на Западен Балкан, изјави чешкиот премиер во Прага, додавајќи дека целта е да се помогне на овие земји во транзицијата и на патот кон Европската Унија. Оценувајќи го напредокот на Србија и Црна Гора, Соботка подвлече дека според него, Европската унија треба да обрне внимание на регионот, со оглед на тоа што неговата стабилност е важна за безбедноста. Според Соботка тоа го покажува и актуелната бегалска криза која за него е проблем на цела Европа.
– Само со полна постепена интеграција на земјите од Западен Балкан ќе обезбедиме, регионот да не падне повторно во вителот на етничката и меѓуетничката нетолеранција, изјави Соботка, додавајќи дека низ Балканот води една од главните траси на бегалците.
– И затоа ЕУ мора да посвети големо внимание на западниот Балкан, бидејќи неговата стабилност е од клучно значење за безбедноста и просперитетот на Европската унија”, истакна претседателот на чешката Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


