| четврток, 6 декември 2018 |

Нема враќање на внатрешните граници во Европската унија

sengen viza шенген визаЕвропската унија нема повторно да воведува внатрешни граници, туку ќе остане во сила правото на патување без пасоши низ просторот на Шенгенската унија и покрај притисоците да се воведе гранична контрола поради безбедност, соопшти денеска Европската комисија.

– Не се преговара за шенгенот и ЕК не планира да го менува, изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, додавајќи оти шенгенските правила им дозволуваат на националните полиции да извршуваат контрола.

Белгија и уште неколку држави претходно побараа да се разгледа воведување на контрола на државните граници односно на внатрешните граници на ЕУ поради неодамнешниот напад на железницата и зголемениот прилив на мигранти од Блискиот Исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top