| четврток, 6 декември 2018 |

Предложени мерки за прифатен пункт за емигрантите

Macedonian police officers control departure of the migrants in the train heeding to the Serbian border

Главниот штаб за управување со кризи на денешниот состанок донел предлог – мерки кои треба да се преземат, пред се во делот на обезбедување на основните предуслови за оспособување на локацијата која е предвидена да биде прифатен пункт за емигрантите.

Тема на третата седница на Главниот штаб за управување со кризи, како што соопшти Центарот за управување со кризи била кризната состојба во делот на јужната и северната граница на земјава.

– На состанокот освен што беше разгледан текот на досегашните активности на институциите кои се дел од Системот за управување со кризи, беа донесени и предлог мерки кои треба да се преземат во наредниот период, пред се во делот на обезбедување на основните предуслови (вода, електроснабдување, инфраструктура и здравствена заштита) за оспособување на локацијата која е предвидена да биде прифатен пункт за емигрантите – се наведува во соопштението од ЦУК.

По завршувањето на состанокот, директорката на ЦУК, Сузана Салиу се упати кон јужната граница на земјата за да направи увид на активностите кои се спроведуваат на терен, согласно „Акциониот план за превенција и справување со зголемен транзит на мигранти низ територијата на Република Македонија“, донесен од страна на Главниот Штаб при ЦУК.

Салиу ќе оствари и средба со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top